fbpx

Новите возила на Итната помош не се во употреба, се најавуваат нови вработувања

-

Дванаесетте нови амбулантни возила се уште не се примени од Министерството за здравство, и не се во употреба, а во меѓувреме министерот Венко Филипче најави и вработувања на стручен кадар во службата за Итна медицинска помош, пренесува „Порталб.мк“.

„Тие возила ќе дојдат. Очекуваме и донации од Република Чешка. Постои финансиска согласност за прием на лекари и медицински сестри кои ќе работат во Итната медицинска помош. На почетокот ќе реализираме 40 вработувања, а до средината на следната година ќе имаме уште 60 вработувања“, рече Филипче во емисијата „Економски магазин“ на „Алсат М“.

Службата за Итна медицинска помош ќе подлежи на физибилити студија да се најде подобар начин на функционирање. Анализата ќе ја спроведе еден оператор, од три кои се пријавија на повикот на Министерството. Но, имињата не се обелоденети. Од Министерството за здравство изјавија дека по изборот на операторот и завршување на физибилити студијата, ќе следи јавна дебата за да се даде одговор на прашањето „Кој е најдобриот начин на функционирање на Итната помош?“.

Физибилити студијата ќе се спроведе во јавно-приватно партнерство, што доведе до сомневање дека и Итната медицинска помош ќе се приватизира, како и Детската кардиохирургија. Дилемите се дали граѓаните ќе плаќаат двојно поскапи медицински услуги? Дали се инвестира во приватното здравство и се занемарува јавното здравје? Дали се блокира пристапот на новинарите до информациите?

Министерството за здравство одлучи дека Детската кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар ќе биде префрлена во болницата „Жан Митрев“. Услугите ќе бидат покриени од Фондот за здравство, додека здравствените работници ќе фигурираат како вработени во „Жан Митрев“.

За „Левица“, истата судбина – приватизација ќе ја има и Итната медицинска помош.

„Овој чин може да се гледа како класична интервенција и уништување на јавното здравство.  Министерството за здравство изјави дека овој модел на јавно-приватно партнерство ќе се користи во случајот на Итната помош, доколку анализата која се нарачала покаже дека тој модел е подобар отколку поделбата помеѓу приватното и јавното здравство. Иако досега оваа анализа не е објавена во јавноста на транспарентен начин, тие сепак донеле таква одлука“, велат од „Левица“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...