fbpx

Новите пратеници повеќе од два месеци земаат по 1.335 евра плата, иако не одат на работа

-

Најниската плата на пратеник во Собранието на Република Македонија е 1.335 евра месечно, а иако парламентот не работи, пратениците од новиот парламентарен состав веќе 72 дена во новиот мандат, ја примаат редовно платата.

„Така им следува. Дел од тие луѓе дале отказ од претходните работни места, па не можеме да ги оставиме без приходи“, одговори Тодор Пендаров, советник за односи со јавноста во Собранието на Република Македонија, на новинарското прашање дали се исплаќа платата на пратениците.

– Примаат редовно плата, од проста причина – во моментот кога им се верификуваат мандатите, ги загубија старите работни места, значи мора да примаат плата. Исто како што беше во еден друг случај, години и кусур пратеници не доаѓаа, па примаа плата – вели Пендаров.

Инаку, платата на пратениците е три и пол пати поголема од просечната плата исплатена во Република Македонија, односно им се смета по коефициент 3,5, објасни тој.

– Тие немаа причина да доаѓаат на работа зашто по конститутивната седница на 30 декември, немаше што да работат. Собранието работи кога ќе има извештај, кога ќе има нацрт-закон, на пример, а гледаме дека такво нешто немаше, па немаше причина пратениците да  доаѓаат на работа – нагласува Пендаров.

Според последниот податок од Државен завод за статистика, во декември лани просечната плата изнесувала 23.457 денари. Оттука произлегува дека пратениците месечно добиваат најмалку 82.100 денари, односно 1.335 евра, врз што се пресметува и минат труд – на некој плус 2 отсто, на некој 10 отсто повеќе.

Претседателите на собраниските комисии и шефовите на пратеничките групи добиваат плата со коефициент 3,7, потпретседател на Собрание добива плата по коефициент 4, а претседателот на Собрание по коефициент 4,5, исто колку што добива и претседателот на Република Македонија и претседателот на Владата.

Според овие коефициенти, претседателот на Собранието, претседателот на државата и премиерот добиваат најмалку по 105.556 денари, без додатоците што им следуваат врз основа на други стапки и минат труд.

Друг надомест пратениците не добиваат, освен тие што не живеат во Скопје –  по 30 проценти од цената на литар гориво по поминат километар, за што мора да донесат сметка од патарина.

Во меѓувреме, од конститутивната седница на 30 декември лани досега, Собранието не морало да плаќа пари за патни трошоци, бидејќи пратениците не доаѓаа на работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...