fbpx

Новиот #ТвитерКалендар комбинира уметничка фотографија со прибирање средства за хуманитарни цели

-

Вчеравечер во Скопје во барот „Котур“ беше промовирано новото издание на #ТвитерКалендар, иницијатива за прибирање средства за хуманитарни цели преку уметничка фотографија – актови.

Автор на календарот е фотографот Ѕвонко Плавевски (), додека како модели учествуваа низа твитерџии кои се пријавија на отворен повик. Моделите не се платени, а парите собрани преку продажба на целиот тираж како и претходните години ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Првиот ТвитерКалендар беше објавен во 2013 година, со цел зголемување на јавната свест за ракот на дојката. Во 2014, календарот за наредната година промовираше сексуалното образование и родова еднаквост.

Во декември 2016 година, Плавевски ја продолжи традицијата со објавување на календарот за 2017, при што собраните средства беа доделени за поддршка на бездомни и сиромашни лица.

Моделите кои учествуваат во изданието на календарот за 2018 година, се анонимни, освен во случаи кога тие самите ќе одберат да го објават своето учество. Примероци на може да се набават во барот „Котур“ во центарот на Скопје или директно од иницијаторите.

Kalendar

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...