fbpx

Новиот состав на американскиот Конгрес со рекорден број малцинства и жени

-

Новиот состав на американскиот Конгрес, кој денеска првпат ќе заседава, има рекорден број малцинства и жени, но, сепак, најголем дел од претставниците се бели мажи.

Во двата дома на Конгресот, од вкупно 535 национални претставници, има 104 жени, а за првпат Афроамериканци од двата пола ги претставуваат двете најголеми американски партии – Демократската и Републиканската.

Во Конгресот нема задолжителни квоти за жени или за малцинство, но сега во 114. сесија има повеќе жени отколку досега, кога имаше 100. Сепак, бројот е непропорционален во однос на женската популација на САД. Жените во Конгресот сочинуваат 20 проценти од делегатите, додека од населението на САД тие чинат 51 процент.

Претставниците на малцинствата во Сенатот, кој има 100 члена, како и во Претставничкиот дом, кој има 435 члена, држат 96 места, што е околу 18 проценти.

Во Претставничкиот дом има 246 републиканци и 188 демократи, а едно место е испразнето откако републиканецот Мајкл Грим вчера поднесе оставка и се изјасни за виновен по обвинението за затајување данок.

Во Сенатот ќе има 54 републиканци и 44 демократи, плус двајца независни членови кои се приклучија кон демократскиот корпус.

Во Претставничкиот дом се наоѓаат 44 Афроамериканци, 34 Латиноамериканци, 10 претставници со азиско потекло, како и двајца Индијанци. Во Сенатот има 20 жени, како и во претходниот состав, две Афроамериканки, три Латиноамериканки и една жена со азиско потекло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...