fbpx

Новиот систем за обработка на царински декларации ќе стартува кон средината на 2019

-

Царинската управа го прифати новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната (АСИКУДА).

На овој начин, како што информираат од Царинската управа, започнува дигиталната ера во оваа институција, за која се подготвувале пет години.

„Новиот систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На тој начин ќе се создаде поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој. Со него треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и воведување на електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола“, информираат од Царинската управа.

Новиот систем, додаваат од таму, претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, правејќи го животот полесен за учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка, за другите гранични агенции што се присутни на граница, како и за царинските службеници.

„Примената на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе започне во првиот квартал од 2019 година преку пилот царински испостави, а негово целосно ставање во функција се очекува во средината на 2019 година. Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...