This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Oct 23 20:18:33 2018 / +0000 GMT

Новиот правопис бесплатно достапен за симнување




На свеченост по повод патрониот празник на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, денеска беше промовирана новата веб-страница www.pravopis.mk на која која бесплатно може да се чита или да се симне второто издание на најновиот „Правопис на македонскиот јазик“ во ПДФ-формат.

- Сметам дека оваа вест претставува голема радост за сите Македонци не само во нашата земја, затоа што со неа добиваме одличен и практичен инструмент за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик, во јавните објави и во јавната комуникација - рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски во своето обраќање.

На веб-страницата се поставени и ГИФ-анимации и слики со приказ на најчестите јазични грешки што се прават во комуникацијата.
Post date: 2017-12-07 16:17:27
Post date GMT: 2017-12-07 15:17:27
Post modified date: 2017-12-07 16:17:27
Post modified date GMT: 2017-12-07 15:17:27
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com