fbpx

Новини во спорот со името дури по празниците, вели Димитров

-

Преговорите за спорот за името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, а во меѓувреме не се очекуваат било какви случувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

– Договорена е следната средба да биде по празниците во јануари, така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците. Поставена е сцената, процесот е почнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо ново да се случи додека траат празниците – рече Димитров на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

Во однос на изјавата на бугарската потпретседателка, Илијана Јотова дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари, Димитров рече дека ја нема видено, но рече дека тоа дополнително укажува на потребата за што поскора интеграција во ЕУ.

– Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји-членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на Република Македонија да стане пасош на земја-членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година – рече министерот Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...