fbpx

Новинарите од регионот го осудија тепањето на колегите од Македонија и бараат остра реакција

-

Остри осуди за претепувањето на екипата на порталот „А1он“ стасаа и од голем број звучни новинарски имиња од целиот Балкан, обединети во неформалната регионална иницијатива „Новинарска мрежа“.

„Регионалната неформална иницијатива „Новинарска мрежа“, најостро ги осудува физичките напади врз екипата на порталот „А1он“ во Скопје и бара остра и брза реакција на државата, ефикасно полициско и судско процесуирање и адекватна реакција на меѓународната заедница и на меѓународните организации“, се вели во прогласот, во кој се дава образложение дека „учесниците на националистичкиот протест „За заедничка Македонија“ ја нападнаа екипата од „А1он“ и на новинарите им нанесоа физички повреди“.

Во писмото потпишано од повеќе од 140 видни новинари од Балканот и од Словенија, „Новинарска мрежа“ порача дека застанува покрај своите колеги од „А1он“ и другите независни медиуми во Македонија. Иницијативата алармира дека состојбата на медиумите во Македонија се влошува.

„Потсетуваме дека ситуацијата со медиумите во Македонија е сè полоша и дека нашите колеги, професионално ја извршуваат својата работа и се изложени на константни закани и притисоци, при што се загрозува нивниот физички и професионален интегритет. Македонија од година во година оди сè пониско на скалата на медиумски слободи, а во 2016 година во извештајот на „Фридом хаус“ за слободата на медиумите, од групата „делумно слободни“ беше преместена во групата на „неслободни“ земји“, се додава во писмото.

Причините за влошувањето на состојбата, според потписниците на писмото, се во прислушувањето на новинарите од страна на власта, што беше обелоденето од прислушуваните разговори, како и во корупциските врски помеѓу функционери и сопственици на медиуми, исто така потврдено од „бомбите“, како и зголемениот број на закани и на напади врз новинари.

Потписниците на повикот на „Новинарска мрежа“ ги повикаа и другите колеги и јавни личности од регионот да го осудат претепувањето на екипата на „А1он“.

Еве кои новинари го потпишаа писмото со осуди за насилството:

Борис Дежуловиќ (Хрватска)
Вукашин Обрадовиќ (Србија)
Шкелќим Хисенај (Косово)
Борјан Јовановски (Македонија)
Боро Контиќ (БИХ)
Оливера Славниќ (Црна Гора)
Бранкица Петковиќ (Словенија)
Јета Џара (Косово)
Тамара Скроза (Србија)
Елдин Хаџовиќ (БИХ)
Петра Лесјак Тушек (Словенија)
Саша Ќириќ (Србија)
Борис Павелиќ (Хрватска)
Јадранка Костова (Македонија)
Уна Хајдари (Косово)
Матеј Звитер (Словенија)
Елдин Кариќ (БИХ)
Ладислав Томичиќ (Хрватска)
Слоба Георгиев (Србија)
Имер Мушколај (Косово)
Ана Беначиќ (Хрватска)
Недим Сејдиновиќ (Србија)
Игор Спаиќ (БИХ)
Ерјон Попова (Косово)
Норберт Шинковиќ (Србија)
Предраг Луциќ (Хрватска)
Сузана Фирза-Пука (Косово)
Ацо Кабранов (Македонија)
Миодраг Совиљ (Србија)
Лум Адеми (Косово)
Лура Лимани (Косово)
Албулена Садику (Косово)
Петар Видов (Хрватска)
Беким  Мухаџери (Косово)
Сања Кљајиќ (Србија)
Александар Манасиев (Македонија)
Шпела Старе (Словенија)
Насер Сертоли (Косово)
Бојан Цвејиќ (Србија)
Висар Пребреза (Косово)
Паулина Нуши (Косово)
Бранка Драговиќ-Савиќ (Србија)
Ѓорѓе Крајишник (БИХ)
Амире Ќамили (Косово)
Марина Раденковиќ (Србија)
Куштрим Кадриу (Косово)
Лариса Ранковиќ (Србија)
Мариа Черешева (Бугарија)
Аделина Ахмети (Косово)
Наталија Остојиќ (Србија)
Елвира М. Јахиќ (БИХ)
Ана Бракус (Хрватска)
Калтрина Хоџа (Косово)
Астрит Перани (Косово)
Душан Комарчевиќ (Србија)
Ванеса Чокл (Словенија)
Јетон Испахиу (Косово)
Атанас Кировски (Македонија)
Ива Мартиновиќ (Србија)
Ариан Хусени (Косово)
Тамара Опачиќ (Хрватска)
Гордана Андриќ (Србија)
Лоренс Марзук (Велика Британија)
Арбана Џара (Косово)
Маја Живановиќ (Србија)
Зоран Андоновски (Македонија)
Калтрина Реџепи Драгуша (Косово)
Драгана Жарковиќ-Обрадовиќ (Србија)
Машењка Бачиќ (Хрватска)
Јетон Испахиу (Косово)
Илир Гаши (Србија)
Ариан Хусени (Косово)
Ема Крстиќ (Србија)
Астрит  Перани (Косово)
Дамир Кундиќ (Хрватска)
Ермал Гаши (Косово)
Данка Дерифај (Хрватска)
Калтрина Хоџа (Косово)
Перпарим Исуфи (Косово)
Маја Јовановска (Македонија)
Предраг Благојевиќ (Србија)
Саша Косановиќ (Хрватска)
Дениз Словиња (Косово)
Јелена Вељковиќ (Србија)
Јерко Бакотин (Хрватска)
Арбен Ќирези (Косово)
Јована Глигоријевиќ (Србија)
Дурим  Шала (Косово)
Илко Ќимиќ (Хрватска)
Младен Чадиковски (Македонија)
Валдет Салихи (Косово)
Лада Вученовиќ (Србија)
Мариан Чириак (Романија)
Дорунтина Балиу (Косово)
Калина Симиќ (Србија)
Хрвоје Шимичевиќ (Хрватска)
Ниџара Ахметашевиќ (БИХ)
Младен Велојиќ (Србија)
Платор Гаши (Косово)
Ана Новаковиќ (Србија)
Шкодран Никши (Косово)
Бранко Геровски (Македонија)
Милош Живановиќ (Србија)
Билјана Жикиќ (Словенија)
Билјана Секуловска (Македонија)
Александар Ѓорѓевиќ (Србија)
Ивор Фука (Хрватска)
Фаит Јоел Баилеј (Косово)
Драгана Сретеновиќ (Србија)
Петар Суботин (Србија)
Петрит Круезиј (Косово)
Тања Максиќ (Србија)
Давор Коњикушиќ (Хрватска)
Иван Ангеловски (Србија)
Наим Красниќи (Косово)
Хилма Ункиќ (БИХ)
Анамари Репиќ (Косово)
Маја Николиќ (Србија)
Сашка Цветковска (Македонија)
Насер Фејза (Косово)
Душица Томовиќ (Црна Гора)
Крешник  Гаши (Косово)
Сања Соврлиќ (Косово)
Жарка Радоја (Србија)
Јелена Свирчиќ (Хрватска)
Препарим Исуфи (Косово)
Наталија Заба (Србија)
Мелиса Скендер (Хрватска)
Ќендресе Мустафа (Косово)
Гордана Игриќ (Србија)
Предраг Петровиќ (Македонија)
Горан Борковиќ (Хрватска)
Јелена Ќосиќ (Србија)
Јернеј Калужа (Словенија)
Сидки Ибрахими (Косово)
Наташа Шкаричиќ (Хрватска)
Зана Цимили (Косово)
Милица Богдановиќ (Црна Гора)
Селведин Авдиќ (БИХ)
Динко Грухоњиќ (Србија)
Виктор Иванчиќ (Хрватска)

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...