fbpx

Новинарите ќе протестираат пред Владата против заканите од функционери на ДУИ

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска на пладне ќе организира протест пред Владата од која ќе побараат да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалициониот партнер во владата, ДУИ, Бекир Асани.

„Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото“, велат од ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...