fbpx

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

-

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино.

На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го искажаа исвиркувајќи ги членовите на работните групи.

Не е јасно дали под притисок на новинарите, но денешната средба, која требаше да се одржи во 12 часот, е одложена.

По најавата дека средбата е одложена, заврши мирниот протест на новинарските организации.

Според Насер Селмани, претседател на ЗНМ, недозволиво е во едно демократско општество новинарите да бидат исклучени од преговори кои се водат за нив.

– Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, итно да нè вклучат во преговорите што се водат за регулирање на медиумите. Ако ЕУ сака демократски закони, треба да нè вклучи во преговорите, а не зад затворени врати да се нудат решенија – изјави Селмани.

Според него, има некакви поместувања во овој процес, но тие сакаат решенијата да ги слушнат изворно од работните групи. Исто така, Селмани информираше дека, според негови сознанија, политичките партии се далеку од решение за проблемите за кои разговараат.

Политичките партии си дадоа рок до петок да постигнат договор за реформите во медиумската сфера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...