fbpx

Нови судири во бегалските центри на Лезбос и на Хиос

-

Инциденти и судири меѓу граѓаните, полицијата и бегалците избија на граѓанскиот протест на островот Хиос против владината политика за бегалците на островот. Полицијата беше принудена да употреби солзавец кога група граѓани среде мирниот протест, со кој жителите на Хиос бараат владата да пресели дел од бегалците бидејќи има двојно повеќе луѓе од капацитетот на островот, се обидоа да тргнат кон бегалските центри и да го продолжат протестот пред нив.

За да спречи инциденти околу бегалските центри, полицијата го блокираше движењето и протестот на граѓаните и употреби солзавец за да ја смири толпата. Иако ситуацијата се смири на кратко, група луѓе успеаја да го пробијат полицискиот кордон и од центарот на градот се упатија кон бегалскиот центар Суда, каде има околу 1.800 бегалци и мигранти.

Околу 150 луѓе на патот кон бегалскиот центар ја пееја грчката химна и извикуваа пароли против бегалците. Истите сцени продолжиле и пред бегалскиот центар, а бегалците внатре, кои до тој момент и не знаеле дека има протест против нив, почнале протест против условите во кои живеат со барање да бидат префрлени во Атина и да си заминат од Грција кон Европа. Немирите внатре за кусо време се разгореа во судири меѓу бегалците и граѓаните на Хиос. Бегалците почнале да фрлаат камења кон демонстрантите надвор од кампот.

Во немирите и протестот на граѓаните, мета биле и новинарите на Хиос. Дел од демонстрантите нападнале еден новинар одземајќи му ја камерата, а почнале да бркаат и дел од другите новинари кои морале да се скријат во продавници низ центарот за да избегнат проблеми.

Покрај Хиос, ноќта беше проблематична и на Лезбос каде дојде до нови судири меѓу бегалците во бегалскиот центар Морија. Инцидентите почнале во 1 часот по полноќ, кога група бегалци од Авганистан нападнала бегалци од Северна Африка со камења и со дрва.

Нападнатите го возвратиле ударот и физичката пресметка се проширила и во другите делови на кампот. Во судирите имало повредени, а во мешаницата повторно успеала да избега група бегалци кои не сакаат да останат во бегалскиот центар, од каде треба да бидат вратени во Турција.

Судирите во бегалските центри на Лезбос и на Хиос стануваат речиси секојдневие поради фрустрацијата и на бегалците и на жителите на островите со условите и во ситуацијата во која живеат со месеци илјадници бегалци. Бегалските центри се пренатрупани, нови луѓе постојано пристигнуваат, а според договорот ЕУ-Турција, сите пристигнати по 21 март не одат кон Атина или другите бегалски центри, туку остануваат на островите за да бидат вратени назад во Турција. На Лезбос има 5.594 бегалци, а на Хиос 3.564 луѓе, двојно повеќе од капацитетот што го имаат бегалските центри на островите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...