fbpx

Нови рочишта за предметите „Титаник 3“ и „Трезор“,

-

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“.

Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението што го презентира обвинителката Фатиме Фетаи, но оти не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и, како што е наведено, „имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ“.

Во Судот денеска треба да се одржи рочиште и за „Трезор“ во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој се наоѓа во Грција.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...