fbpx

Нови протести и нови апсења во Балтимор

-

Триесет и четири лица се уапсени за време на вчерашните протести во Балтимор, кои избија поради смртта на еден млад Афроамериканец. За време на демонстрациите, шест полицајци се повредени.

Претставникот на полицијата, Џереми Силберт, соопшти дека мал дел од учесниците на вчерашниот протест предизвикале насилство во центарот и во западниот дел од градот, но оти демонстрациите биле претежно мирни во текот на целиот ден.

Во саботата, повеќе од 1.000 лица излегоа на улиците на Балтимор, барајќи одговори во врска со случајот на Фреди Греј, 25-годишен Афроамериканец кој почина додека се наоѓал во полициски притвор. Греј почина на 19 април откако доби фатална повреда на ’рбетот, додека бил во притвор.

Неговата смрт ја интензивираше националната дебата за полициското однесување кон Афроамериканците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...