fbpx

Нови кривични пријави за туристичката агенција што измами Македонци од САД

-

Поради основан сомнеж за сторена измама, СВР – Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ч. (29) од Прилеп. Пријавената, со намера да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување, односно со прикривање факти, ги довела во заблуда лицата Д.Н. од Охрид и Л.А. од струшкото село Ложани, ветувајќи им евтини повратни авионски билети од САД до Република Македонија.

Од нив, пријавената побарала и добила вкупно 779.000 денари, по што на Д.Н. му обезбедила билети само во еден правец, а Л.А. воопшто не добила авионски билети. Во март годинава, сега оштетениот Д.Н., кој моментно живее во САД, на сметка на пријавената уплатил вкупно 4.140 американски долари за купување на пет повратни билети на релација Чикаго – Виена – Скопје. По остварен контакт меѓу пријавената и сега оштетената Л.А. во Струга, било договорено купување на 12 повратни авиобилети од САД за Република Македонија. По извесно време од средбата и направениот договор, сега оштетената Л.А. на сметка на пријавената уплатила 283.200 денари, но договорените 12 повратни авионски билети воопшто не ги добила.

Како што веќе пишуваше „Мета“, повеќе од 30 тужби поднеле Македонци кои живеат во САД, против сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети.

Македонци, иселеници, обвинуваат за измама со ветување дека купиле евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Целата ујдурма настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората, кога пејачката, Елена Јовчевска, која ги забавувала, а е по потекло од Прилеп, им понудила евтини авиобилети до Македонија преку австриската авионска компанија „Aустриан ерлајнс“. Тие парите, пак, ѝ ги исплаќале директно на сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...