fbpx

Нови избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат нова неизвесност за мандатот на СЈО

-

Повторно распуштање на Собранието и распишување на нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, значат и нова неизвесност за продолжувањето на мандатот или, поточно, на рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Никола Груевски, синоќа до полноќ не успеа да обезбеди коалициско мнозинство за формирање влада, откако претседателството на ДУИ и по неколкудневни сеанси не донесе одлука за евентуална коалиција со Груевски и со ВМРО-ДПМНЕ и ги остави сите опции отворени.

По ова, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое се вели дека одржувањето нови избори е зрело решение, во функција на надминување на кризата и на поставување на реформските приоритети во прв план.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзиниот тим имаат уште околу пет месеци месеци (значи до 4 јуни, односно 30 јуни!) за отворање истраги и за поднесување обвиненија за случаите што се поврзани и кои произлегуваат од „бомбите“ на СДСМ, односно од незаконското следење на комуникациите.

Ова произлегува од актуелниот Закон за СЈО, во кој е определено дека СЈО има 18 месеци од преземањето на предметите за отворање или затворање истраги и обвиненија. Имено, СЈО предметите и материјалите од Јавното обвинителство и од СДСМ ги презеде на два пати, на 4 декември 2015 година и на 30 декември 2015 година.

„Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство, може да поднесе обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и на материјалите во негова надлежност“, стои во членот 22 од актуелниот Закон за СЈО.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство на 4 декември 2015 година, на СЈО му предадоа 31 предмет од незаконското прислушување, а Јанева и нејзиниот тим добија и случаи од обвинителствата во Битола и во Куманово.

На 15 декември 2015 година, специјалната јавна обвинителка соопшти дека СЈО е надлежно и ќе работи по 34 предмети, вклучувајќи го и случајот „Пуч“. На 30 декември 2015 година, пак, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на СЈО му ги предаде сите материјали, снимки и транскрипти од „бомбите“.

Според ова, Јанева до почетокот, односно до крајот на јуни годинава има рок за истраги и за поднесување обвиненија. Во досегашниот период од една година, СЈО отвори 11 истражни постапки и поднесе две обвиненија против стотина лица.

Според ставот 3 од членот 1, Законот за СЈО ќе биде на сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието и може да се продолжува еднаш годишно, со одлука донесена со двотретинско мнозинство од пратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...