fbpx

Нови инциденти во бегалскиот центар на Хиос

-

Тензична е ситуацијата на островот Хиос, каде два дена по ред има постојани напади и немири во бегалскиот центар во Суда. Кампот вчера вечерта беше мета на непознати напаѓачи, кои фрлаа молотови коктели и други предмети, предизвикувајќи пожар и уништувајќи неколку шатори на бегалците.

Покрај нападот на бегалскиот камп, на Хиос биле нападнати и двајца активисти кои им помагаат на бегалците. Според информациите, напаѓачите биле најверојатно ултрадесничари. Активистите се префрлени во болницата на Хиос со сериозни повреди.

Нападите доаѓаат еден ден откако група бегалци во средата украдоа пиротехнички материјал од продавница на островот и почна бунт и палење и во кампот и во куќи и автомобили околу кампот, а нападнаа и дел од локалните жители кои се обидувале да го одбранат личниот имот. Во бунтот изгоре дел од кампот, беа повредени неколку бегалци, причинета е материјална штета на домовите и на автомобили, а полицијата уапси и приведе десетици мигранти и активисти кои учествуваа во немирите.

Немирите и нападите од одредени насилни групи создаваат тензија и вознемиреност и кај бегалците и кај локалните жители на островот. Градоначалникот на островот во телефонски разговор со министерот за миграција, Јанис Музалас, побара бегалскиот центар итно да биде затворен за да се стави крај на инцидентите на Хиос.

Во бегалскиот центар на Хиос има повеќе од 1.000 бегалци и мигранти, а на целиот остров има повеќе од 4.000 бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...