fbpx

Нови 587 мигранти добиле потврди за барање азил

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на 587 странски државјани, кои илегално влегле на територијата на земјава.

Според МВР, од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, заклучно со денеска во 8 часот, потврди биле издадени на вкупо 14.311 странски државјани, од кои најголем број од Сирија, а потоа од Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија, Палестина, Конго и од Камерун.

Од почетокот на издавањето на потврдите до денеска, до Одделението за азил, според МВР, биле поднесени 32 барања за азил во земјава.

Во Прифатниот центар за баратели на азил засега се сместени вкупно 11 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...