fbpx

Новата година донесе нов бран државни вработувања

-

Уште во првите неколку денови од новата 2019 година јавни претпријатија, агенции, установи и други државни институции распишаа огласи за вработување на повеќе од 120 лица.

Јавното претпријатие за државни патишта распиша оглас за вработување 84 инкасанти за наплата на патарина за плата од 19.760 денари. Во друг оглас за вработување на 16 лица, ЈП за државни патишта бара кандидати за советници и референти.

Управата за хидрометеоролошки работи објави оглас за вработување на 11 лица на определено време до крајот на годината. Се бараат кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во казнено-поправниот дом Идризово во кој се бараат помлади соработници, виши соработници и референти. Платите во завиност од работното место се движат од 15.689 до 23.257 денари.

Ваквиот наплив на огласи од буџетски институции е само продолжение на трендот од декември минатата година, кога „Мета“ пишуваше дека во пресрет на новогодишните празници речиси и да нема ден во кој не е објавен оглас за вработување во државните институции и јавните претпријатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...