fbpx

Нова, трета по ред, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

-

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова е трета кривична пријава што полицијата ја поднесува против Велков во изминaтите четири месеци.

Со последната, СВР Струмица го сомничи поранешниот градоначалник на општина Ново Село дека на 7 март 2014 година без да спроведе јавен оглас и јавно наддавање склучил анекс на Договорот за закуп на времен објект на Смоларскиот Водопад, сопственост на општината, со фирма од Струмица, со што го продолжил рокот на времетраење на договорот од

„Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист за подолг временски рок“, стои во соопштението на МВР.

Претходно, на 26 септември, СВР Струмица поднесе кривична пријава против Велков, додека тој сè уште беше градоначалник на Ново Село, под сомнеж дека одобрил службеници во општината да користат службени возила без патен налог за превезување пропаганден материјал за локалните избори, што се одржаа на 15 октомври.

На 13 ноември МВР соопшти дека е поднесена уште една кривична пријава против Велков бидејќи го користел службениот автомобил и по истекувањето на мандатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...