fbpx

Нова средба на членовите на ад хок телото – нова надеж

-

Нова средба ќе имаат денеска во 15 часот членовите на ад хок телото со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, дознава „Мета“.

На средбата ќе се разговара за опциите што остануваат за избор на петтиот член на привременото тело, откако вчера членовите предложени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ не постигнаа консензус околу изборот на нивниот колега, кој, според Изборниот законик, мора да биде Албанец.

Вчера истече последниот рок до кој требаше да се избере петтиот член на ад хок телото, кое треба да ги контролира медиумите во предизборниот период.

Засега не се знае дали членовите ќе направат уште еден обид за да го изберат последниот член со консензус или, пак, таа работа ќе му ја доверат на Собранието.

Утринава, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку соопштенија меѓусебно се обвинија за неуспехот на ад хок телото. Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека СДСМ се плаши од избори, а од опозицијата обвинија дека владејачката партија не сака во Македонија да има слободни и независни медиуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...