fbpx

Нова престрелка во Париз, повредени двајца полицајци

-

Двајца полицајци утринава се застрелани во Париз откако вооружен маж во Порт де Шатион отвори оган, обидувајќи да побегне кон метро-станицата.

Како што јавуваат француските медиуми, инцидентот се случил околу осум часот утрото, во близина на метро-станицата. Засега не се знае дали престрелката е поврзана со вчерашниот масакр на 12 лица во сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, кој го извршија исламски екстремисти.

Според првичните извештаи, еден од застреланите полицајци е тешко повреден.

Полицијата сè уште трага по терористите што стојат зад масакрот. Во текот на ноќта се извршени „неколку апсења“, соопшти премиерот на Франција Мануел Валс.

Полицијата објави фотографии од двајцата главни осомничени, додека третото лице кое им помагало, се предало само.

Осумнаесетгодишниот Хамид Мурад сам ѝ се предал на полицијата, откако на вести го слушнал своето име, соопштија судските власти. Сепак, масовната потера по двајцата осомничени, браќата Саид и Шерид Куачи, е во тек. Илјадници полицајци ги претресуваат сите делови на францускиот главен град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...