fbpx

Нова книга на Ана Чупеска за мултикултурната акомодација

-

Едицијата „Патеки“ на издаваштвото „Везилка 2011“ се збогати со уште едно издание – од печат излезе дебитантската книга „Мултикултурна акомодација“ од д-р Ана Чупеска-Станишковска од Правниот факултет во Скопје.

Во фокусот на интересирањето на Чупеска-Станишковска, чиј влог во невладиниот активизам кај нас е респектибилен, се наоѓаат либерализмот и либералната демократија, столбовите и квазистолбовите на акомодирањето, при што се фрла поглед и врз перспективите на мултикултурната акодомодација, со посебна нагласка на Македонија.

Како одделен сегмент на оваа значајна книга е поместен заедничкиот оглед на проф. Љубомир Фрчкоски и на Ана Чупеска-Станишковска  за граѓанската непослушност. „Храброста и вербата се посебни карактеристики на граѓанската непослушност“, наведуваат Фрчкоски и Чупеска-Станишковска, поставувајќи повеќе актуелни прашања, почнувајќи од тоа што точно е најлегитимно да се направи, до тоа дали актот на граѓанската непослушност ќе го постигне саканиот ефект. Авторите ја нагласуваат неопходноста од верба, бидејќи постои недостиг, како што оценуваат тие, на мерливи знаења за правдата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...