fbpx

Нова драма со телевизиските концесии во Грција

-

Четирите медиумски куќи што обезбедија национални телевизиски концесии во Грција денеска мора да ја исплатат првата рата за концесиите. Парите веќе ги доставија телевизијата „Скај“, бизнисменот Вангелис Маринакис и телевизијата „Антена“.

Телевизијата „Скај“ исплати 145 милиони евра, Маринакис – 24,6 милиони евра и „Антена“ 25,3 милиони евра.  Се чека уште бизнисменот Владимир Калогрицас кој до крајот на денот мора да исплати 175 милиони евра.

Доколку парите не бидат исплатени денеска, како што најави генералниот секретар за информации и за комуникации, Лефтерис Крецос, медиумската куќа ја губи концесијата и таа најверојатно оди кај следната телевизија со најдобра финансиска понуда.

Засега е неизвесно дали Калогрицас, кој се споменува како близок до СИРИЗА, ќе успее да ја задржи концесијата. Од неговата компанија побарале дводневно одложување за исплаќањето на ратата, објаснувајќи дека од причини кои не зависат од компанијата се спречени да ги исплатат парите во текот на денот.

Генералниот секретаријат за информации и за комуникации, кој е надлежен за целата процедура, го одби барањето, објаснувајќи дека според условите, првата рата мора да биде исплатена во рок од две недели од најавата на победниците на аукцијата за концесии и не може да се направи измена или отстапка од овие услови.

Доколку Калогрицас не успее да ја исплати првата рата, според објаснувањето од Генералниот секретаријат, ја губи концесијата и таа би одела или во рацете на грчко-рускиот бизнисмен и сопственик на ПАОК, Иван Савидис, или во рацете на Димитрис Кондоминас, сопственик на телевизијата „Алфа“.

Во меѓувреме, опозиционерите Нова демократија поднесоа тужба до сите одговорни за начинот на кој се спроведува процедурата за телевизиски концесии во државата.

Од аукцијата за телевизиски концесии, која траеше четири дена зад затворени врати, во државната каса треба да се слеат 246 милиони евра. Телевизиите кои останаа без концесии, како „Алфа“, „Стар“, „Епсилон“ и „Мега“, не се знае како и дали ќе продолжат да емитуваат програма откако ќе помине еден месец од завршувањето на аукцијата.

Неизвесна е судбината на околу 1.800 новинари и техничари, а од владата сè уште нема најави за можни локални или тематски концесии што би ги одржале телевизиите во живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...