fbpx

Нова демократија ги користи македонските медиуми против СИРИЗА

-

Нова демократија ги искористи текстовите од македонските медиуми за напади врз СИРИЗА. Десничарската партија се обиде повторно да го претстави Ципрас како потенцијален национален предавник околу спорот за името, повикувајќи се на текстови од македонските медиуми кои анализираат дека идна влада на СИРИЗА би можела да биде поповолна опција за полесно решавање на спорот за името.

„Текстовите на државната информативна агенција и весникот „Нова Македонија“, во кои се вели дека само Македонија ќе има корист од СИРИЗА, откриваат зошто на Скопје му одговара СИРИЗА да победи на изборите. За да ги потврди овие ставови, Ципрас го внесе Тремопулос (поранешниот лидер на партијата на Зелените), познат по неговите ставови за „македонски јазик“ и претставник од „Виножито“ на кандидатските листи на СИРИЗА. „Заклучоците сам нека ги извлече грчкиот народ“, стои во соопштението од Нова демократија.

Во реакција, СИРИЗА коментира дека просто не може да разбере зошто Нова демократија им дава сила на националистички медиуми од Македонија да бидат фактор што ќе влијае на грчката политика. „Ова е надвор од границите на разбирањето, дури и ако лидерот на Нова Демократија е Самарас со неговото познато минато околу спорот за името“, се вели во реакцијата од канцеларијата за печат на партијата на Ципрас.

Нападите на Нова демократија против СИРИЗА и нивните поотворени ставови кон спорот за името почнаа во 2012 година, со обвинувања дека подмладокот на СИРИЗА слободно го користел името Македонија, како и со напади кон конкретни членови со полиберални ставови. Ваквите напади резултираа со позаострена реторика на Ципрас околу спорот за името. Лидерот на левичарската партија во ретките обраќања за спорот за името редовно ја критикува националистичката и иредентистичката реторика на македонската влада, истакнувајќи дека ваквиот однос штетно влијае на врските меѓу двете држави. СИРИЗА, како и Нова демократија и ПАСОК, јасно има кажано дека ги поддржува грчките црвени линии за сложено име со географска одредница, па дури и подвлекува дека тие самите уште пред две децении ја предлагале оваа идеја, но не биле послушани од тогашните грчки влади.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...