fbpx

Нова „бомба“ на Заев: Еве докази дека Мијалков и Груевски со години прислушувале

-

СДСМ денеска објави нови снимки од прислушувани разговори. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека тоа се докази за тоа како се прислушувало. Заев рече дека сите прислушувани биле водени под псевдоними, а тој бил заведен под псевдонимот „Зеко“. Бранко Црвенковски, пак, бил „Крст“, Миле Јанакиески – „Тутун“, Силвана Бонева била „Босил“, Драган Павловиќ-Латас бил „Талас“, Владо Бучковски бил „НДС Бува“.

– Аудиоснимките биле преточувани во снимен материјал – транскрипт. Доставивме повеќе од 1.505 страници од фазата на репродукција која значи преточување на снимките во транскрипти. На таргетираните лица им се водела целосна евиденција. Се прислушувала опозицијата, критичката јавност, професори, ИВЗ, МПЦ. Имаме докази за околу 400 аудиозаписи веќе објавени на прес-конференции. До Јавното обвинителство доставивме и 13 разговори кои потврдуваат дека се прислушувало. Во тие разговори има признанија од Гордана Јанкулоска и од Сашо Мијалков – рече Заев на денешната прес-конференција.

Во првиот разовор што беше презентиран денеска, Гордана Јанкулоска и Иво Котески разговараат за некој прилог за „алфите“ на телевизија. Котески ја прашува дали има можност да се лоцира мобилен телефон. Јанкулоска вели дека може, само треба да се испрати барање и му посочува кому да се обрати.

Јанкулоска и Сашо Мијалков зборуваат за некакви снимки. Таа му вели дека отвораат „центар“, а тврдат дека немаат снимки. Таа зборува за „убиството“ и за тоа како да го претстават на јавноста.

Трајко Вељаноски на Јанкулоска ѝ кажува за комисијата што треба да оди во УБК. Јанкулоска зборува за амандманот што треба да биде изгласан, а бил предложен од опозицијата. Тие зборуваат за законот за следење на комуникациите.

Јанкулоска и Мијалков зборуваат за член од Законот кој предвидува комисија од Собранието да може во кое било време ненајавено да доаѓа во УБК. Јакулоска инсистира да се смени членот така што комисијата да не може ненајавно да доаѓа во оваа институција. Мијалков инсистира да можат да дојдат ненајавено, ама тоа да биде само неколкупати годишно. Мијалков ја прашува и колку време би можело да трае таа контрола. Тој ѝ вели дека не може бесконечно да има контрола во УБК.

Гордана Јанкулоска и Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, зборуваат за надзорот што комисијата треба да го има. Таа му кажува за промените што ги договараат со СДСМ. Чавков ѝ вели дека е добро постигнатото решение.

Емил Стојменов и Сашо Мијалков зборуваат за некој човек кој „треба да заврши работа“. Тие се договараат како да се прислушува телефон на некој вработен.

Мијалков и Јанкулоска зборуваат за вработување луѓе во МВР. Тој ѝ кажува дека сака да се вработат околу 1.000 луѓе и вели дека има многу работа, а оператива нема. Мијалков ѝ вели дека само за УБК ќе му требаат 100 луѓе. Тој ѝ објаснува дека мора и специјалците да ги засилат.

На прашањето од новинската агенција „Мета“ за кое убиство зборуваат во објавените прислушувани разговори Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, Заев рече дека објавениот разговор е од 30 април 2012 година, предвечерието пред апсењето на осомничените во случајот „Монструм“.

Лидерот на СДСМ најави дека ќе има протест во мај, а датумот ќе го определи заедно со граѓаните. Тој рече дека нема да го објави целото сценарио за тоа дали ќе кампуваат пред Владата на Република Македонија.

– Немаме утврдени сценарија за тоа како ќе се одвива. Нема да биде протест „дојдовме, па ќе се видиме пак“ – изјави Заев.

На новинарско прашање околу случувањата во Гошинце, претседателот на партијата истакна дека нема да дозволи да се наруши единството на етничките заедници.

– Без разлика каква е вистината, одговорност мора да има во власта. Имам индикации дека ова е зла мисла. Ова е злобно сценарио и опозицијата нема да дозволи да се нарушат етничките односи. Ниту Сашо Мијалков ниту кој било не може да го наруши ова заедништво – изјави Заев.

Тој рече дека помина времето на дипломатскиот речник. Пораката од амбасадорката на Германија е директна и мора да се почитува за да може да се реши политичката криза.

Лидерот на СДСМ рече дека објавените разговори само покажуваат дека имало намера да се прислушува.

– Има уште докази што ќе ги презентираме – изјави Заев.

Тој рече дека ќе има сензитивни материјали кои следуваат.

– Тука е случајот со „Смиљковско Езеро“, Никола Младенов, тука е Мартин Нешковски, тука е името. Вистината ќе ја споделиме со јавноста и ќе се случат протести – изјави Заев.

Во врска со случјот „Сопот“, Заев рече дека без калкулации ја објавува вистината.

– СДСМ, како партија, не може да биде целата виновна. Можеби поединци. Сега власта има помош да може да решава. Судството треба да биде далеку од канџите на јавноста. Тоа е разговор кој ја кажува вистината и се надевам дека ќе им биде од помош на судството – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....