fbpx

Нов текст во „Њујорк тајмс“: Малата Македонија се соочува со огромен скандал

-

„Њујорк тајмс“ во опширна анализа за Македонија со наслов „Малата Македонија се соочува со огромен скандал“, пишува за политичката и за безбедносната криза во земјава.

„Некогаш гледана како блескава светлина меѓу поранешните комунистички држави, Македонија полека, во текот на последната деценија, се лизна во авторитарна власт под партија која ги ограничува новинарските права, ги охрабрува безбедносните сили, доминира во судството, па еднаш дури и ја исфрли опозицијата од Собранието“, се вели во „Њујорк тајмс“.

Во анализата, „Њујорк тајмс“ пишува за оставките на министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, за оставката на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за секојдневните протести на кои се бара колективна оставка на владата, а има и опширна анализа за скандалот со прислушувањето и со „бомбите“ на Заев.

„Њујорк тајмс“ пишува дека минатиот викенд се случил ненадеен излив на крвопролевање, во кое осум полицајци и 14 „терористи“ загинале, а многумина се прашуваат зошто тоа се случило и зошто сега.

Ова е втор текст за Македонија во влијателниот американски неделник оваа недела. На 12 мај, весникот објави текст под наслов „Западот ја преиспитува посветеноста на Македонија кон демократијата“, во врска со акцијата во Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...