fbpx

„Нокиа“ се враќа со телефони во 2016 година

-

Финскиот гигант „Нокиа“, кој го продаде својот бизнис со мобилни телефони на „Мајкрософт“ во 2013 година, наскоро би требало да се врати на сцената со нови модели.

Засега, „Нокиа“ е поделена во три дивизии – сектор за мобилни мрежи, кој е најуспешен и носи најголем профит, „Нокиа мапс“ и, на крајот, дивизија за мобилни уреди (не вклучувајќи телефони). Во моментот, „Нокиа“  има промовирано само еден уред по откупувањето од „Мајкрософт“- таблетот „нокиа Н1“. Во договорот со „Мајкрософт“, компанијата не смее да промовира нови телефони со нејзиното име сè до третиот квартал во 2016 година.

Извори блиски до компанијата велат дека веќе се работи на нови уреди, кои би се нашле во продажба веднаш по истекувањето на оваа законска обврска. Компанијата нема да го преземе цело производство на новите паметни телефони, туку тимот на „Нокиа“ ќе го дизајнира уредот, а производството ќе се одвива во фабрики во Кина од трета страна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...