fbpx

Ноќеска фрлени 113 тони сол на скопските булевари и улици

-

Екипите на зимската служба на Град Скопје ноќеска фрлиле 113 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места. Како што велат од Град Скопје, нивните екипи со возила за ринење интервенирале низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара.

„Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите“, велат од Град Скопје.

Оттаму им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.

„Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираме до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, потсетуваат од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...