fbpx

Нимиц в недела доаѓа во дводневна посета на Македонија, па потоа оди во Атина

-

Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, в недела ќе допатува во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина.

За време на посетата на Скопје, Нимиц ќе има средби на кои ќе се запознае со ставовите на новата влада во врска со спорот за името. Сепак, не се очекува конкретен резултат од посетата ниту, пак, давање некакви предлози. Главниот фокус ќе биде процесот и како да продолжат преговорите за решавање на спорот.

Ова е прва посета на Нимиц на регионот од јули 2014 година, кога изјави дека очекува напредок во преговорите. Тој неодамна во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата македонска влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...