fbpx

Нимиц: По Атина, очекувам добри разговори и во Скопје

-

Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери, изјави посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје, пренесува државната новинска агенција МИА.

Тој претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“. Средбите на Нимиц со македонскиот државно-политички врв се закажани за утре.

Како што беше соопштено денеска, Нимиц утре ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, со со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде утре по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...