fbpx

Нимиц и Коѕиас во Брисел ќе разговараат за спорот за името на Македонија

-

Специјалниот пратеник на ОН во спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, денеска во Брисел ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Како што претходно соопшти канцеларијата на Нимиц, на средбата, која е на барање на официјална Атина, ќе биде разговарано за можноста за напредок во преговорите за спорот за името.

Средбата доаѓа по последната посетата на Нимиц на Скопје, по која тој требаше да замина за Атина, но поради вклученост на Коѕиас во решавањето на кипарското прашање, средбата беше одложена.

За време на посетата на Скопје, Нимиц изјави дека не очекува во следните неколку месеци драстични промени во решавањето на спорот, затоа што допрва ќе се разгледуваат ставовите на двете страни и додаде дека не е време сега да се излезе со дефинитивен предлог.

Шефот на грчката дипломатија во Брисел, исто така, ќе учествува во Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој треба да се дискутира за примената на стратегијата на ЕУ за надворешната и безбедносната политика и за миграциите, како и за други теми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...