fbpx

Никуљски: Не може преводот да се третира како стока на продажба

-

„На тендерите што се распишуваат за превод или за ангажман на преведувач, основен и единствен критериум е цената. Не може преводот се третира како да е сапун или прашок или некоја друга стока и цената да биде главната причина поради која го ангажирате преведувачот“, е ставот на претседателката на Здружението на преведувачи, Огнена Никуљски.

– Ние, како здружение, имаме усвоено светски стандард, каде се објаснети чекорите што треба да се почитуваат за еден превод да биде како што треба. И тоа од почетокот на добивањето на делото, од преводот, лектура, па до стручен преглед кој недостига кај нас. Го имаме примерот со „1.000 дела“ кои постојано се критикуваат, а всушност се работи за тоа дека не може еден преведувач да биде стручен за сите области на човечката активност и мора да има стручњак од таа област, кој потоа ќе го прочита преводот и ќе го коригира. Ќе му даде стручна концизност и тогаш таа книга ќе може да се чита и да се разбере, а не да имате ситуации во која книгите ќе мора да се толкуваат – објасни Никуљски.

На денешната работилница за преведување и толкување во Штип, Никуљски одговори на критиките за „сиромашниот“ македонски јазик.

– Не се работи за тоа дека македонскиот јазик е сиромашен. Напротив, ние не го знаеме доволно. Не се трудиме да го збогатуваме речникот, во преведувањето никој не ве ограничува дека мора да биде тоа литературен збор. Преведувачите години трошат за да дојдат до одреден термин кој сигурно постои во македонскиот јазик. Доколку нема, преведувачот треба да биде тој што ќе го направи тој збор што ќе го одразува соодветниот поим – рече претседателката на Здружението на преведувачи, Огнена Никуљски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...