fbpx

Никос Коѕиас е новиот шеф на грчката дипломатија

-

Професорот Никос Коѕиас, досега неформален советник на Алексис Ципрас за надворешна политика, е новиот шеф на грчката дипломатија. Коѕиас е професор по политичка теорија за меѓународни и европски прашања на Универзитетот „Пиреја“. Неговиот политички пат секогаш бил низ ходниците на левицата, бил член на Комунистичката партија, а од неодамна се приклучи на СИРИЗА.

Коѕис има долгогодишно искуство во надворешната политика. Коѕиас учествувал и во првиот Национален совет за надворешна политика, а сè до 2008 година беше амбасадор-советник во Министерството за надворешни работи, одговорен за истражување, формирање програми и за стратегии. Професорот бил дел од тимовите за преговори за Договорот од Амстердам, Агенда 2000 и во грчко-турските преговори. Новиот шеф на грчката дипломатија е познат како поранешен близок соработник и советник за надворешни работи на експремиерот Јоргос Папандреу. Последниов период важи за неформален советник на Ципрас за надворешна политика. Коѕиас го придружуваше Ципрас на неговото патување во Москва, медиумите дури велат дека самиот бил иницијатор и предлагач на потребата за ваква средба и предлагал Ципрас да ја посети Украина во екот на кризата.

Според најавите, СИРИЗА и Независни Грци во прво време ќе ги замрзнат прашањата од надворешната политика како спорот за името за да не дојде веднаш до проблеми во коалицијата поради нивните несогласувања. Независни Грци и денес останаа на ставот дека нема да се откажат од нивните црвени линии и предизборни ветувања за националните прашања.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...