fbpx

Николовски: Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќарувале земјоделски субвенции

-

Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола, скандалозно ја злоупотребува државната функција, обвини Љупчо Николовски, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, назначен од редовите на СДСМ.

– Семјството Србиновски буквално го има „освоено“ министерството. Таткото Илија, синот и снаата се вработени во оваа институција, а  сопругата Слободанка, која е сопственик на фирмата  ИЗ „Десил“, добива 45 хектари државна земјоделска површина под концесија. Случајот на Илија Србиновски е класичен пример на злоупотреба на државните институции во партиски цели пред избори. Ете како Никола Груевски ги наградува своите први јуришници: преку вработување, високи субвенции и државна земјоделска земја под концесија, за да може преку нив да ги уценува земјоделците. Досега овие функционери не се гонеа кога прекршуваат закони и не одговараат кривично за сторените дела –  вели Николовски.

Тој додава и дека има и документи за овие злоупотреби и за кршење на Законот за земјоделско земјиште.

– Дрскоста на раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Илија Србиновски, само ја покажува моќта што му ја даваат претпоставените, наместо да го санкционираат. Последните поплави во Пелагониско, Србиновски ги има искористено за злоупотреба на буџетските средства наменети за исплата на штети. Според процената на комисијата на Општина Новаци, проценетата штета за исплата на фирмата на сопругата на Србиновски е 1.118.000 денари. Но, скандалозното е што според записникот од инспекторите на терен, овие површини се поплавени намерно, поради уривање заштитен насип на каналот од страна на Србиновски. Освен неговите површини за кои има договор, тој узурпирал и други 10 хектари државна земјоделска земја. Дополнително испитуваме колку точно земја обработува семејството Србиновски, колку субвенции има добиено и што сè има искористено од програмите на владата – вели Николоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...