fbpx

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро.

„Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме за зголемување на потенцијалот за трговска размена со Албанија. Во 2015 и во 2016 година имало проблеми во делот на задржување на робата на граница. Разговаравме и за рибарството, односно делот со мерките за контрола на искористувањето на рибниот фонд во Охрид. Со министерот Пелеши се договоривме да има зајакнати контроли од двете страни“, изјави Николовски.

Пелеши посочил дека двете земји треба да го искористат времето до влез во Европската унија, за унапредување на трговската размена и прилагодување кон европските регулативи, особено во делот на земјоделството.

Воедно, двајцата министри се договориле да ја разгледаат можноста за искористување на меѓуграничните проекти поддржани од ИПА-инструментот.

Македонија и Албанија имаат потпишано Протокол за соработка во областа на земјоделството, во јуни 2005 година во Тирана, кој е се уште важечки, но не е функционален.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...