fbpx

Николовски најави повисоки плати и помали трошоци за секое семејство

-

Носителот на кандидатска листа на коалицијата предводена од СДСМ во третата изборна единица, Љупчо Николовски, денеска пред граѓаните на Делчево соопшти дека врвен приоритет на нивната коалиција ќе биде парите да се вратат назад, кај граѓаните.

Тој најави дека во првите четири месеци минималната плата ќе биде зголемена на 12.000 денари, а до крајот на мандатот на 16.000 денари.

– Наш фокус и наша цел е просечната плата во државата да биде 30.500 денари! Тоа ќе го направиме со низа мерки за подобар живот на секој граѓанин тука во Македонија. Не само што ќе се зголемуваат платите на граѓаните туку ќе се намалуваат и трошоците на секое семејство! – рече Николовски, додавајќи дека во секое семејство на крајот на годината ќе влегува по една просечна плата како резултат на нивната мерка за враќање на 15 отсто од ДДВ во секој семеен буџет.

Николовски најави укинување радиодифузната такса, враќање на евтината тарифа на електрична енергија секој викенд и дополнително два часа секој друг ден во неделата, двапати годишно зголемување на пензиите и воведување на државна социјална пензија.

Тој истакна дека планираат да воведат и европска Младинска гаранција која ќе гарантира дека секој млад човек, четири месеци по завршувањето на своето образование ќе добие понуда за вработување, понуда за тренинг или ќе го продолжи своето образование.

Според програмата на Коалицијата 32 општини на крајот на мандатот ќе се гасифицираат во целост, со што ќе се намалат трошоците на граѓаните.

– За нас секој човек е важен, за нас секој човек е битен. Затоа, нашиот План за живот во Македонија предвидува мерки коишто ги враќаат парите назад кон граѓаните – порача Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...