fbpx

Николов: Граѓаните месечно да бидат информирани за што се трошат нивните пари

-

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе предлог-измени на Законот за буџетите со кои власта ќе се задолжи да дава отчет за што и како ги троши народните пари, за што на 17 септември, Комисијата за финансирање и буџет ќе отвори јавна расправа.

– Милиони евра, пари на граѓаните, изминативе девет години се потрошени во нетранспарентни постапки. Тоа овозможува злоупотреби, корупција и криминал со парите на граѓаните. Македонија е во групата земји како Зимбабве, кои обезбедуваат многу малку податоци за буџетот. Потранспарентни се дури властите на Авганистан, Руанда, Конго. Поотчетни од власта на Груевски се властите на сите земји од регионот – вели Маријачно Николов, пратеник од СДСМ.

Со измените на законот, од СДСМ бараат Министерството за финансии на својата веб-страница да објавува месечни извештаи за трошењата во сите министерства, агенции и фондови.

– Граѓаните месечно да бидат информирани колку нивни пари тие искористиле и за што, колку доспеани, а неисплатени обврски имаат институциите. Бараме Министерството за финансии на својата веб-страница месечно да објавува и список на сите физички и правни лица по министерствата, фондовите, агенциите, на кои им биле извршени исплати од буџетот, со податоци за датумот, износот и за основата. Ова не се однесува на лицата кои редовно добиваат буџетски пари, како пензионерите и корисниците на постојана социјална помош. Но, се однесува на лицата кои примаат плата преку буџетот. Граѓаните мора да знаат колку лица се вработени во државната администрација и колку од нив добиваат плата од нивните пари, а не доаѓаат на работа – вели Николов.

Од СДСМ предлагаат вакви извештаи и списоци да доставуваат и сите јавни претпријатија и трговски друштва во државна или доминантно државна сопственост, а Владата до Собранието да доставува квартални извештаи за извршувањето на буџетот од тековната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...