fbpx

Николиќ во Белград го прими Крајишник, остри реакции од српските НВО

-

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска во Белград го прими Момчило Крајишник, еден од воените лидери на босанските Срби и осуденик на Хашкиот суд за воени злосторства, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. За време на средбата, Крајишник му ја додели на Николиќ плакетата „Октомвриска споменица на Република Српска 1991 година“, што предизвика остри реакции кај српските невладини организации.

Како што соопштија од прес-службата на претседателот на Србија, Крајишник, кој сега е претседател на асоцијацијата „Создавачи на Република Српска“, и Николиќ разговарале за унапредување на културните врски на српскиот народ на просторите на поранешна Југославија, а особено за заштитата на правата на Србите во земјите од регионот, како и за заштитата на кирилското писмо и на српскиот јазик.

Николиќ предложи во соработка со Српската академија на науките и уметностите (САНУ) да биде одржан научен собир за српскиот јазик и писмо. Српскиот претседател се понуди да биде и покровител на научниот собир.

Граѓанската организација „Иницијатива на младите за човекови права“, по повод средбата на Николиќ со Крајишник, ја повика владата на Србија јасно да се огради од политиката на војни, злосторства и од идејата за голема Србија чии симболи се Николиќ и Крајишник.

Фондот за хуманитарно право ја осуди одлуката на Николиќ да се сретне со Крајишник и ја оцени како „недозволиво подбивање со жртвите од војните и директна спротивност со прокламираната намера на Србија да работи на помирување во регионот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...