fbpx

Николиќ: Србија ќе мора да ги затвори границите за мигранти

-

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска изјави дека ако Европската Унија не ги прифати мигрантите, Србија ќе мора да ги затвори границите.

– Ние мора да ја затвориме границата за мигранти затоа што тие не сакале да бидат овде и да живеат со нас – рече Николиќ.

Тој додаде дека официјален Белград е во постојан контакт со ЕУ и изрази уверување дека Брисел нема да негодува поради односот на Србија со мигрантите, штом не негодувал поради референдум за квоти за прием на бегалци што вчера се одржа во Унгарија.

Министерот за труд и социјални прашања, Александар Вулин, неодамна предложи и Србија да подигне ограда на границите, но, како што подоцна изјави, со тој предлог не се сложил премиерот Александар Вучиќ.

Вулин минатата недела рекол дека од ЕУ, која изминатите години одвои 40 милиони евра поддршка за Србија за соочување со мигрантската и бегалската криза, ќе бара поголема финансиска помош. Тој рече дека Србија има исти проблеми како и земјите од ЕУ, но дека не добива ниту приближно исто пари.

По затворањето на балканската рута, Србија се соочува со зголемен прилив на илегални мигранти. Српските власти тврдат дека поголемиот број се економски мигранти, а не бегалци од земји кои се воени жаришта.

Според официјалните податоци, заедничките сили на војската и на полицијата, кои од летото ги чуваат границите, во изминативе два месеци спречиле повеќе од 9.000 мигранти да влезат илегално во земјата, а најголем дел од нив доажале преку границата кон Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...