!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Николиќ: Бели може да им ги замрси конците на сите претседателски кандидати, освен на Вучиќ


       
Белград, 17 март, 2017 - 11:14 (META) 

Претседателот на Србија во заминување, Томислав Николиќ, изјави дека претседателскиот кандидат Лука Максимовиќ, кој се претставува под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ – Бели, е социолошки феномен кој може да им ги замрси конците на сите други претседателски кандидати, освен на лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ.

– Победник на овие избори дефинтивно ќе биде Александар Вучиќ. Другите, кои себеси се сметаат за сериозни политичари, треба да се замислат доколку на изборите добијат помалку гласови од Прелетачевиќ – вели Николиќ во денешниот број на весникот „Курир“.

Прашан дали Прелетачевиќ на изборите може да ги загрози Саша Јанковиќ и Вук Јеремиќ, кои се сметаат за водечки кандидати на опозацијата, Николиќ вели дека „двајцата треба да се замислат доколку освојат исто или приближно исто гласови со Максимовиќ“.

– Ако тие освојат седум-осум отсто од гласовите, а Бели дури четири отсто, треба да се замислат, бидејќи некои од нив се 30 години во политиката – оценува Николиќ.

Претседателските избори во Србија се закажни за 2 април, а доколку никој од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, новиот претседател на Србија ќе се избира во втор круг, кој ќе се одржи на Велигден, односно на 16 април.