fbpx

Николети: Време е за измена на Даблинската регулатива

-

Претседателот на италијанската парламентарна делегација во Советот на Европа, Микеле Николети, изјави дека европските влади признаваат дека регулативата од Даблин е „целосно нефункционална“ и оти дошло време за ревизија.

Николети истакнал дека резолуцијата на парламентарното собрание на Советот на Европа за ревизија на Даблинската регулатива е еден од најпрогресивните документи што неодамна се усвоени во европските институции за решавање на бегалската криза.

Според Даблинската регулатива, бегалците мораат да побараат азил во првата членка на ЕУ во која ќе стигнат. Регулативата предизвика контроверзии годинава затоа што повеќе стотини илјади бегалци од Сирија пристигнаа во Италија, Грција и во Унгарија.

За решавање на кризата, Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои резолуција во која се бара ревизија на Даблинската регулатива.

Николети, кој ја подготвил резолуцијата, го повика колегите од Европскиот парламент да извршат притисок врз националните парламенти и влади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...