fbpx

Никој нема право на свои факти: Тендер добиен преку е-аукција и во четири очи не е исто

-

[Рецензија: ПРВ СКАНДАЛ ВО 2019: Неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи]

 

Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички и неточен. Во него се тврди дека „неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи“, но компанијата МЕПСО, преку која тој, наводно, ги добивал тендерите, ја демантира оваа вест. Од МЕПСО велат дека договорот бил склучен транспарентно согласно Законот за јавните набавки.

Линк до оригиналниот напис: ПРВ СКАНДАЛ ВО 2019: Неформалниот сопруг на министерката Царовска добивал набавки во четири очи

Датум и време на објавување: 1.1.2019

Датум на рецензирање: 8.1.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Според договорот, кој е склучен без тендер туку во четири очи помеѓу директорот на МЕПСО и неформалниот сопруг на Царовска, ФЛАЈ КЕМ се должни да обезбедат и обука за вработените во МЕПСО што ќе оперираат со дроновите.

Договорот со „Флај кем“, компанијата што е сопственост на неформaлниот сопруг на Царовска, бил склучен откако е објавен тендер, на кој на е-аукција (број на оглас 56/2017), на кој учествувале повеќе понудувачи, компанијата дала најповолна цена за набавка на четири дрона и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Набавката на дроновите произлегла од потребите на далноводните екипи за побрзо и поефикасно откривање можни дефекти на преносната мрежа. Компанијата „Флај кем“, исто така, испрати соопштение до јавноста, во кое тврди дека на јавните набавки наведени во текстот уредно учествувале на електронска аукција согласно законот. Бидејќи во текстот се споменуваат повеќе аукции, тие ги испратија и официјалните документи за нив, со можност за проверка во надлежните институции.

Компанијата ’Флај кем‘ дооел Скопје, најостро ги демантира лагите и клеветите за наводно склучување договори во четири очи од страна на нашата компанија со државни институции“, се вели во демантот на компанијата.

 

ОБВИНУВАЊА И ЗА АНКЕТНИОТ ЛИСТ НА ЦАРОВСКА

 

Покрај обвинувањата за „тендери во четири очи“, во текстот министерката Мила Царовска се обвинува дека во анкетниот лист не го пријавила имотот на својот неформален сопруг.

 

Но, доколку се погледне анкетниот лист на министерката Царовска поднесен до ДКСК (Државна комисија за спречување корупција), таму не може да се пронајде ништо од богатството на нејзиниот неформален сопруг.

 

Според министерката, пак, станува збор за погрешно толкување на законот и таа одговара дека уредно го има пополнето имотниот лист.

Mila Carovska

@mila_carovska

ВМРО-ДПМНЕ манипулира преку погрешно толкување на законите. Јас уредно го имам пополнето имотниот лист. Во најбрз можен рок ќе го пријавам и имотот на мојот неформален сопруг, иако не сум законски обврзана. Тој има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1000м2.

74 people are talking about this

 

ЕДНОСТРАНО И ТЕНДЕНЦИОЗНО

 

Текстот што го рецензираме е едностран, тенденциозен и неточен. Освен што изнесува невистинити информации, не содржи ниту една изјава од страните за кои се пишува, за да се проверат изнесените информации. Новинарот е должен да ја консултира и да ѝ отстапи простор и на втората страна, особено кога таа е предмет на обвинувања за неетичко и незаконско постапување. Притоа, медиумот не ги објавува демантите од страна на МЕПСО, „Флај кем“, како и од Мила Царовска. Ова, пак, е дури и спротивно на членот 16 од Уставот на Република Македонија, во чиј став 4 јасно стои дека правото на демант е загарантирано:

Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.

 

Вистина е дека МЕПСО склучил договор со посочената компанија „Фјал кем“, но ни приближно не на начинот кој текстот невистинито го прикажува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....