fbpx

Никој не сака одложување на изборите и покрај пробиените рокови

-

Мали се шансите за Договорот од Пржино да се реализира, брифираат извори од СДСМ за новинската агенција „Мета“. Оттаму велат дека билатерални средби со партиите има иако притисокот е повеќе насочен кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, ако и нешто се случи во последен момент, од опозициската партија не знаат дали тоа ќе значи и одложување на изборите закажани за 24 април со Договорот од Пржино.

– Не сме побарале одложување на изборите и не сме го отвориле ова прашање. Странците навестуваат таков чекор, но засега не сме разговарале за тоа – изјави за „Мета“, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

На новинарско прашање упатено до портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на саботната прес-конференција за тоа каков е ставот на СДСМ за одложување на изборите, тој одговори дека во интерес на Република Македонија е да има фер и демократски избори.

– Очигледно е дека Никола Груевски не може да се соочи со тоа во оваа држава да бидат спроведени избори на фер, демократски, цивилизиран начин. Очигледно е дека тој сака во целост да управува со изборните процеси. Целокупната македонска јавност и вие медиумите бевте сведоци за големите изборни грабежи и манипулации во текот на изборниот процес – изјави Шилегов.

Премиерот Никола Груевски во говорот на прославата на Денот на македонската револуционерна борба, изјави дека основна и единствена цел на договорот е да се организираат избори на кои народот ќе може да одлучува во фер и демократски услови и кои нема да создадат сомнеж за некаква нееднаквост, за дискриминација или фаворизација.

– Договорот е јасно напишан и треба да се почитува. Тој договор не може да служи како појдовна точка за нови преговори. Изборите се финалната цел на тој договор, заради која постојат другите одредби, кои се патоказ како да се стигне до финалната цел – изјави Груевски.

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, соопшти вчера белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Според него, откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со работна група, која официјално ќе ги одобри одлуките што се донесени за време на билатералните средби. Ванхауте, кој е вклучен во преговорите, смета дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...