fbpx

Никој не ги консултира ИКТ-компаниите кога се носат закони од оваа област

-

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ организираше форум, на кој тема беше регулативата на работни односи во ИКТ-секторот.

Шефот на проектот, Љубомир Димовски, изјави дека анкетата што била спроведена во рамките на проектот, покажала дека 76 проценти од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива.

– Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на јавно-приватен дијалог, што е и една од клучните цели на проектот – рече Димовски.

Целта на конференцијата е да одговори на тековните предизвици поврзани со регулирањето на работните односи кои се специфични за ИКТ-секторот, односно презентација и анализа на проблемите и на предизвиците со кои се соочуваат ИКТ-компаниите во однос на Законот за работни односи, плати и надоместоци од вработување, успешни приказни и искуства од регионот.

– ИКТ-индустријата е еден од економските сектори со најголем подем во Македонија. Има огромен потенцијал за вработување и за извоз и обезбедува можности за вработување со плати што се двојно повеќе од просекот во Македонија. ИКТ е исто така важен извор на вработување на високо образовани млади – изјави директорот на мисијата на УСАИД Македонија, Дејвид Атбери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...