fbpx

Никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски, апелираат од СДСМ

-

Парламентарното мнозинство, во согласност со Уставот, законите и со деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на Собранието, велат од СДСМ преку партиско соопштение.

„Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност. Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократските процедури со давање на мандатот за состав на нова влада. Насилството во парламентот, поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и од група нивни соработници, за спас од одговорност за сторениот криминал и злодела, вклучително и на оние во Собранието со напад на пратеници, новинари, на вработени во Собранието, не смее да се повтори. И за тоа ќе има одговорност“, велат од СДСМ.

Од партијата повикуваат никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски кои, како што додаваат од партијата, имаат цел да предизвикаат застранување од демократските процеси и од авроатлантската интеграција на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...