fbpx

Нигерија: Ослободена група киднапирани девојчиња од училиште во Чибок

-

Дваест и едно од девојчињата што пред две години беа грабнати од милитантите на Боко харам од училиште во градот Чибок, на североистокот на Нигерија, се ослободени, соопшти денеска портпаролката на нигерискиот претседател, Гарба Шеху, пренесува „Би-би-си“.

Шаху изјавила дека ослободувањето на девојчињата е резултат на преговорите меѓу властите и исламистичките милитанти.

Портпаролката на претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари, исто така на „Твитер“ објави дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст и швајцарската влада учествувале како посредници во преговорите со Боко харам, кои, како што додала Шеху, продолжуваат и понатаму.

Девојчињата кои се очекува да пристигнат во главниот град на Нигерија, Абуџа, ќе бидат прегледани од тим лекари и психолози, соопштил министерот за информации, Лаи Мохамед.

Милитантите на Боко харам во април 2014 година киднапираа повеќе од 270 девојчиња од училиште во Чибок. Киднапирањето на девојчињата беше осудено од целиот свет и ја поттикна една од најголемите кампањи на социјалните мрежи, за нивно ослободување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...