fbpx

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

-

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара од Европската комисија да ги провери можностите оваа граница да биде спуштена за уште 20 километри на час, односно таа да изнесува 30 километри на час во одредени градски зони, каде има поголема френквенција на пешаци, станбени објект, школи и градинки.

Илјадници пешаци ги загубија животите во сообраќајни несреќи или имаат трајни последици, додека не беше дојдено до податокот дека максималната брзина на движење во урбани средини треба да биде 50 километри на час.

Денеска, во најголемиот број европски земји, но и во светот, максималната дозволена брзина во урбани средини е 50 километри на час. Како што објаснуваат од Европската комисија (ЕК), одредувањето на максималната дозволена брзина е баланс помеѓу безбедноста, мобилноста и животната средина и инфраструктурата.

Со новиот закон за безбедност во патниот сообраќај, кој е готов и треба да се најде во собраниска процедура, ова ќе стане случај и на македонските градски сообраќајници.

– Во согласност со европската практика и искуства, во новниот закон за безбедност во патниот сообраќај, максималната дозволена брзина е намалена од 60 на 50 километри на час – изјавија вчера за „Мета“ од МВР, кое што е предлагач на законот.

Ограничувањето на брзината на 50 километри на час во градски средини е резултат на обемниот извештај на кој соработуваа  Обединетите нации, Светската здравствена организација(СЗО), Светската Банка, ФИА и други меѓународни институции.

Сумирано, брзината за ограничувањето на 50 километри на час, ги има своите причини во фактот дека при удар во пешак со брзина од 60 километри на час, во 90 проценти од случаите исходот е трагичен, додека при брзина на движење на возилото од 50 километри на час, таа веројатност се намалува на 50 отсто. Денеска знаеме дека удар во пешак при брзина од 30 километри на час ја намалува веројатноста за смртен исход на 10 проценти.

Документот на Европскиот парламент е резултатат на граѓанската инцијатива „30 километри на час-направете ги улиците погодни за живот“.

Во рамките на инцијативата се наведува дека Париз и Лондон планираат да ја прошираат својата патна мрежа со зони во кои максималната брзина ќе биде 30 километри на час, откако пилот-проектите со вакви зони покажале дека во голема мера е подобрена безбедноста на патиштата.

Пред неколку дена, локалните власти во Њујорк решија дека треба да менуваат околу 3.000 сообраќајни знаци бидејќи максималната брзина на двиежење сега ќе изнесува 30 километри на час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...