fbpx

Потпишан договорот за уредување на дуќаните во Старата скопска чаршија

-

Ќе почнат активностите за реализација на проектот за уредување на излозите во Стара чаршија, откако денеска министерот за економија, Беким Незири, заедно со претседателот на здружението „Еснаф“, Бејтула Морина, денеска во Домот на занаетчии потпишаа договор за реализација на проектот.

Станува збор за проект кој Министерството за економија го предвиде во програмата за развој на туризмот за 2015 година, а чија цел е враќање на автентичноста и зачувување на културните вредности што ги има Старата скопска чаршија.

Во овој проект не се опфатени само излозите туку за секој дуќан ќе се уредува и тендата, натписот на дуќанот, околното зеленило, а за оние дуќани што некогаш имале ќепенци, ќе се разгледа можноста тие повторно да се постават.

Притоа, секоја интервенција ќе се координира со самите дуќанџии, по претходно добиена согласност од Министерството за култура и од Конзерваторскиот центар.

Дуќанџиите од Блокот 3.2. преку здружението „Еснаф“ на Старата скопска чаршија, ќе можат да аплицираат на веќе објавениот повик.

Истовремено, 20 занаетчии од Старата скопска чаршија денеска добија по 2.000 евра неповратна помош за подобрување на имиџот на своите дуќани. Овие грантови се дел од ИПА-проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, што го реализираат општините Чаир и Гњилане.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...