fbpx

Незири: Поголема поддршка на занаетчиството во наредниот период

-

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на петтата по ред манифестација „Денови на занаетчиство во Република Македонија“, во организација на Занаетчиска комора на Република Македонија со поддршка на Министерството за економија.

– Имајќи го предвид значењето на занаетчиството како стопанска гранка и заради обезбедување посигурен развој и заштита на интересите на занаетчиите, подобро економско опкружување и висококвалитетни обуки и тренинзи за занаетчиите, Министерството за економија подготви стратегија за развој на занаетчиството во Република Македонија со акционен план 2012-2020, која ги содржи клучните насоки за тоа обновување на занаетчиските активности – истакна министерот Незири.

Министерот информира дека во владина процедура е новиот закон за занаетчиство, со кој ќе се уредат условите и начинот на вршењето на занаетчиска дејност, организирање на коморскиот систем, како и условите и начинот за стекнување квалификации за вршење занаетчиска дејност. Законот е во насока на подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување занаетчиска дозвола, подобрување на коморскиот систем, како и усогласување на законите од областа на образованието кои се однесуваат за преквалификација, доквалификација, мајсторски испит, како и за центрите за обука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...