This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Dec 15 6:42:21 2018 / +0000 GMT

Незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ ја формираа првата фракција




ФРОДЕМ и членови на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска објавија дека ќе настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат,  така ќе и помогнат на партијата да стане вистинска и реална опозиција, со свои конкретни ставови, принципи, идеологија и политики, за бргу со ново и демократски избрано раководство од членовите на партијата да се врати како победник. Сметаат дека сега ВМРО-ДПМНЕ и партиското раководство се заробеници на поранешните партиски водачи.

- Причина повеќе за јавно дејствување како фракција е фактот дека ова наметнато раководство сè уште е во закрила и во стегите на поранешните партиски функционери, без разлика на јавното глумење за некаква реформа и демократизација - вели Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ.

Ѓулистана Марковска, пратеничка од првиот парламентарен состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, побара јавно од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да го промени статутот, како што најавувал по неговиот избор, со кој ќе се овозможи незадоволните членови во партијата да може да дејствуваат како фракција.
Post date: 2018-03-12 16:23:51
Post date GMT: 2018-03-12 15:23:51
Post modified date: 2018-03-12 16:23:51
Post modified date GMT: 2018-03-12 15:23:51
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com